Комбинација на издржливост и рачна изработка

Огради од ковано железо | Метални конструкции за мебел и дрво | Останата браварија

Контактирајте не

Браварска работилница Зоран

Децениско искуство во работа со железо и разубавување на домови.

Брзо се прославивме како едни од врвните ковачи во Македонија, дизајнирајќи и изработувајќи оригинални порти и огради од ковано железо во најголем дел, но исто така изработуваме и мебел по мерка и кој било проект погоден за железо.

Како што еволуираше компанијата, сфативме дека она за што најмногу сме страсни и она што нашите клиенти навистина го ценат е дизајнирање и рачна изработка на производи од ковано железо што кога ќе го видат им прави WOW ефект. :)

132

Задоволни клиенти

350

Завршени проекти

10

Посветени работници

Зошто да ја одберете Работилница Зоран?

Затоа што нашата изработка е од квалитетни материјали. Нашите производи се направени да траат цел живот. И цел ни е да ви обезбедиме супериорни производи, услуга и задоволство. Еве уште неколку причини зошто Работилница Зоран е вистинскиот избор за вашиот проект:

Квалитет и премиум услуга

Железото е заштитено од кородирање и UV избледнување, фарбано со основна минимум боја и завршна по ваша желба или електростатско фарбање.

Клиентот секогаш на прво место

Потребите и идеите на нашите клиенти секогаш ги поддржуваме и заеднички ги развиваме до уникатност. Ги слушаме вашите желби и се посветуваме максиум на нивно извршување.

Модерен изглед и дизајн

На крајот од процесот, продуктот кој се добива е специјално дизајниран за вас, со модерен изглед.

}

Контактирајте не за понуда

Јавете ни се или пишете ни на емаил за да ја направиме идеалната понуда според вашите барања, идеи и желби. Нашиот тим е спремен да одговори на вашите прашања.

Контактирајте не

ШТО РАБОТИМЕ?

Нашата техничка експертиза не прави добри во она што го работиме.

Надворешна ограда

Елегантни и безвремени железни и дрвени огради за заштита и комплетен излед на секој објект или дом. Кваки и врати и клизни капии кои се отвараат меxанички или со мотор по желба на клиентот.

Внатрешна ограда

Освен што имаат функција да ве заштитат од незгоди, оградите ги правиме со атрактивен дизајн кој ќе одговара на вашиот ентериер.

Метални конструкции за мебел

Индустрискиот дизајн последниве неколку години е исклучиво популарен. Комбинацијата дрво и метал дава вистинска цврстина на секој дом или проект.

Други браварски услуги

Изработуваме и конструкции за церади на базени, конструкции за настрешници и скали. Кровови на балкони и тераси со лексан лим панел, заштитни решетки за надворешни клими и друго.

Проекти

Работевме на различни проекти во текот на годините, дизајнирајќи, изработувајќи и инсталирајќи порти и огради во станбени комплекси и луксузни домови, како и останати браварски работи кои може да ги погледнете тука во нашата галерија на проекти.

ВНАТРЕШНА ОГРАДА

НАДВОРЕШНА ОГРАДА

ВНАТРЕШНИ И НАДВОРЕШНИ СКАЛИ

КЛУПИ, МАСИ, НИШАЛКИ

МЕТАЛНИ КОНСТРУКЦИИ, КРОВОВИ СО ЛЕКСАН ЛИМ

БЕТОНСКИ ЅИД ЗА ОГРАДУВАЊЕ

ЗАШТИТНИ РЕШЕТКИ ЗА НАДВОРЕШНИ КЛИМИ

Новости

Ковани огради

Оградите од ковано железо се меѓу најстарите, но и најубавите видови огради. Нивната вредност е колку е корисна толку е и естетска - го разубавуваат секое место каде што ќе се постави - тераса, балкон, скали, двор или градина. Особено како градинарска ограда, има и одлична заштитна улога, бидејќи е најцврста, најотпорни се и најдолготрајни. Во оваа статија, ќе зборуваме што треба да знаете за изработката на вакви огради, нивна монтажа и цените.

Прочитајте повеќе

Контакт

Подготвени да побарате понуда? Имате некои прашања? Контактирајте не за да ви помогнеме.

Адреса:

Ул.101 бр.102, с.Жилче, Јегуновце, Тетово

Македонија

Loading
Your message has been sent. Thank you!